САД и Израел нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Јаир Лапид

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Јаир Лапид заеднички ветија дека ќе го спречат Иран да добие нуклеарно оружје, иако двајцата сојузници остануваат поделени околу конкретните начини за решавање на проблемите на Техеран.

„Нема да дозволиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје“, рече Бајден на прес-конференција на 14 јули по заедничкото потпишување на Ерусалимската декларација за време на првата посета на американскиот претседател на Блискиот Исток по преземањето на функцијата во јануари минатата година.

Бајден во посета на Израел и Саудиска Арабија за нуклеарниот договор со Иран

Во соопштението се потврдува поддршката на Вашингтон за регионалната воена предност на Израел и неговата способност да се „одбрани“.

„САД нагласуваат дека составен дел од ова ветување е заложбата дека никогаш нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје и дека се подготвени да ги искористат сите елементи на својата национална моќ за да го осигураат тоа“, стои во соопштението.

Лапид по потпишувањето рече дека „единствениот начин да се запре нуклеарниот Иран е ако Иран знае дека слободниот свет ќе употреби сила“.

Бајден пристигна во Тел Авив на 13 јули на својата прва турнеја на Блискиот Исток откако ја презеде функцијата.