Мицкоски: Дали за почеток на преговорите треба прво да се смени Уставот?

Христијан Мицкоски - Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Дилемата на ВМРО-ДПМНЕ е дали за да почнат преговорите со ЕУ потребна е промена на Уставот, рече во својата денешна изјава претседателот на партијата, Христијан Мицкоски повикувајќи се на член од документот „Заеднички став на ЕУ“.

Тој остави простор на таквата дилема одговор да дадат експертската јавност и лицата коишто се занимаваат со таа проблематика.

„Дилемата којашто ја има ВМРО-ДПМНЕ, македонската јавност и граѓаните е следна, во членот 11, во документот ‘заеднички став на ЕУ’, јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите сѐ додека не биде променет Уставот. Дали е тоа точно или не, оставам експертската јавност, но и луѓето коишто се занимаваат со оваа проблематика да дадат одговор“, рече Мицкоски.

Претседателот Пендаровски се сретна со претседателката на ЕК дер Лајен

Друга дилема додава Мицкоски е членот 3 каде што стои дека преговарачката рамка ќе биде преведена на македонски јазик, но бугарската страна ќе даде еднострана изјава како таа го гледа македонскиот јазик.

„Во членот 3 јасно стои дека ќе имаме практично унилатерална изјава дека македонскиот јазик е најверојатно некаква верзија на бугарскиот јазик“, рече Мицкоски.

На прес конференцијата опозционерот покажа и документ од третата конференција на Обединетите нации, која се однесува на стандардизација на светските јазици и на која како што рече јасно стои разликата помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик.

Мицкоски порача дека ќе се приклучи на протестите против францускиот предлог, а претпладнево не можел да присуствува поради оправдани причини.