Собранието ја почнува расправата за францускиот предлог

Активисти на Левица донесоа гилотина пред Собранието на која беше испишано француски предлог

Собранието на Северна Македонија денеска ќе го разгледа францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за преговори со ЕУ. На веб-страницата на Собранието е објавено дека 80-та пленарна седница е закажана за 13:00 часот на која ќе се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен ќе се сретне со државниот врв пред да се обрати пред пратениците

За половина час потоа е закажана нова седница, на која единствена точка на дневен ред е „Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, што беше предложена од француското претседателство на Советот на Европската Унија на 30 јуни“.

Европски политичари го промовираат францускиот предлог, странски експерти му наоѓаат маани

Владата на Димитар Ковачевски, на барање на опозицијата до Собранието достави додаток на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, кој беше проследен до парламентот во четврток, 7 јули за „разгледување и донесување дополнителни заклучоци“. Таканаречениот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори, зад кои застана целата ЕУ, во Северна Македонија наиде на отпор од македонската опозиција, дел од граѓаните, академската јавност и невладините организации.

ВМРО-ДПМНЕ сепак повика на протести за утре напладне

Во Скопје од 2 јули, граѓаните скоро секојдневно демонстрираат против предлогот, а тие протести ги поддржа и коалицијата околу ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски и Левица на Димитар Апасиев, барајќи предлогот да се отфрли, бидејќи, како што оценуваат, води до бугаризација на нивната земја. Досега предлогот е прифатлив само за коалициската влада на СДСМ Димитар Ковачевски и ДУИ Али Ахмети, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и опозициските албански парламентарни партии.

Османи - Протоколот ќе биде објавен пред да биде потпишан

Почетокот на преговорите на ЕУ со Скопје е блокиран со бугарското вето од ноември 2020 година поради спор околу јазикот и историјата, а Брисел го врза напредокот на Тирана на патот кон ЕУ со напредокот на Северна Македонија. Една година претходно, европскиот пат на овие две земји беше блокиран од Франција, инсистирајќи на промена на методологијата за преговори.