Фон дер Лајен ќе се сретне со државниот врв пред да се обрати пред пратениците

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе пристигне во посета на Скопје. Таа ќе има средби со државниот врв, а ќе се обрати и во Собранието пред почетокот на седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог со кој треба да се одблокираат македонските евроинтеграции.

Седницата на која ќе се обрати фон дер Лајен е закажана за 13 часот, а половина час подоцна треба да почне седницата на која ќе се расправа за предлогот.

Од Владата соопштија дека претседателката на Европската комисија утре напладне ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски. Претходно фон дер Лајен ќе има средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Фон дер Лајен е последната од низата на европски лидери и владини претставници кои во изминативе денови го посетија Скопје им даваат ветер во грб на македонските власти да го прифатат предлогот со кој ќе се отстрани бугарското вето.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска на прес-конференција изјави дека претседателката на Европската комисија при обраќањето во Собранието ќе се обиде со убави зборови да го амортизира францускиот предлог, но дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го разобличат тоа. Тој рече дека и досега пред Собранието имале обраќања многу видни лидери од Европа, но тие било бескорисно.