ЕУ им порача на Унгарија и Полска да ја зацврстат демократијата

Вера Јоурова, потпретседател на Европската комисија за вредности и транспарентност

Европската унија денеска им порача на Унгарија и на Полска да ја подобрат независноста на судството и медиумите, како и заштитните мерки против корупцијата, велејќи дека условите за отклучување милијарди помош за двете земји остануваат нерешени и дека постои сериозна загриженост. Оценката дојде во новиот извештај на Европската комисија за владеење на правото, кој вклучува совети за демократски подобрувања во сите 28 земји-членки на Унијата.

ЕУ го одобри планот за закрепнување на Полска

„Руската инвазија врз Украина е уште еден потсетник дека основните права и владеењето на правото се столбовите на демократијата“, изјави европската комесарка за вредности и транспарентност Вера Јоурова при претставувањето на извештајот. „Украина е во војна против Путин затоа што на Путин не му се допадна Украина да оди во правец на демократска држава“, изјави таа. Комисијата го забранува пристапот на Будимпешта до 15,5 милијарди евра стимулативни средства наменети да помогнат да се подигнат економиите од падот поради ковид-19, како и до уште 36 милијарди евра предвидени за Полска.