Србија не се приклучи кон новите мерки на ЕУ против Иран

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел

Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ги почитува новите рестриктивни мерки на ЕУ против Иран. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека земјите-кандидати Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина, Молдавија, земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка и членки на Европската економска област и се приклучија на одлуката донесена од Европскиот совет на 27 јуни.

Бајден во посета на Израел и Саудиска Арабија за нуклеарниот договор со Иран

Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуката на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, се додава во изјавата на Борел.