Путин ќе се сретне со Раиси и Ердоган во Техеран, соопшти Кремљ

турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, архивска фотографија

Рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Техеран за да се сретне со своите турски и ирански колеги како дел од таканаречениот формат на разговори во Астана поврзани со Сирија, соопшти Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Путин на 19 јули ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со иранскиот претседател Ибрахим Раиси, во второто патување на рускиот лидер во странство од почетокот на инвазијата на Москва врз Украина.

Поранешниот германски канцелар Шредер одби да се огради од Путин

Русија, Иран и Турција одржаа повеќе рунди разговори, првично во главниот град на Казахстан, Астана, за напорите да се стави крај на граѓанската војна во Сирија и да се стабилизира владата во таа земја. Иран и Русија се цврсти поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека Турција повика на негово соборување и ги поддржува опозициските борци.