Путин го потпиша указот за забрзано добивање руско државјанство за Украинците

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој на Украинците во сите делови на земјата им се дозволува да добијат руско државјанство.

Указот потпишан денеска предвидува дека сите украински граѓани и лица без државјанство кои живеат во Украина можат да добијат руски пасоши преку истата поедноставена процедура што беше воведена во 2019 година.

Постапката им овозможи на жителите на делови од украинските региони Доњецк и Луганск, контролирани од сепаратистите поддржани од Москва, да добијат руски пасоши. Од 25 мај тој се применува на жителите на два украински региони, Керсон и Запорожје, чии делови беа окупирани за време на тековната неиспровоцирана инвазија на Москва, започната во февруари. Сега се применува низ цела Украина.

Путин и другите руски официјални лица инсистираат на тоа дека целта на инвазијата не била окупација на Украина. Сепак, Москва и властите наметнати од Русија на окупираните украински територии сега велат дека регионите би можеле да станат дел од Русија.

Властите инсталирани од Русија во окупираните територии на украинските региони Керсон и Запорожје претходно соопштија дека формирале центри за издавање пасоши за украинските граѓани кои избрале да добијат руски пасоши.

Во регионите Луганск и Доњецк, сепаратистичките лидери поддржани од Русија изјавија претходно дека стотици илјади локални жители добиле руско државјанство од 2019 година.