Бугарскиот претседател Радев во посета на Црна Гора

Претседателот на Бугарија Румен Радев

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ја започнува официјалната посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ. Бугарскиот претседател и неговата сопруга Десислава Радева ќе бидат пречекани од Ѓукановиќ и неговата сопруга со официјална церемонија во претседателската резиденција во старата црногорска престолнина Цетиње.

Бугарија блиску до нови избори, „Продолжуваме со промената“ не успеа да формира коалиција

Радев и Ѓукановиќ ќе разговараат за продлабочување на билатералната соработка во економијата, образованието, науката, иновациите и технологијата, партнерството во сферата на безбедноста и одбраната, регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и европска перспектива на Црна Гора. Радев во Подгорица ќе биде примен од црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседателката на Собранието на Црна Гора Даниела Ѓуровиќ.