Петнаесет лица се убиени, а девет се ранети во вооружен напад во Совето, населба во близина на Јоханесбург во Јужноафриканската Република.
Напаѓачите, вооружени со пушки и пиштоли, почнале да пукаат кон луѓето кои седеле во кафулето во раните утрински часови во неделата, соопшти полицијата.
Нападот се случил по полноќ кога група мажи влегле во таверната и почнале да пукаат кон посетителите.
Непознатите напаѓачи побегнале од местото, информираат од полицијата, кои засега немаат информации колку лица учествувале во нападот.
Според АФП, во одделен инцидент, непознати напаѓачи застрелале четири лица во таверна во крајбрежниот град Питермарицбург во саботата вечерта.
Јужна Африка е меѓу земјите во светот се најмногу насилство. Со 20.000 убиени луѓе годишно, е меѓу земјите на врвот стапката на убиства по глава на жител.