Нови 297 случаи на ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се нови 297 случаи на ковид-19 од направени се 1.113 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу од новите заразени се регистрирани во Скопје– 174, а потоа следат Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадaрци – по 12, Велес – 11, Гостивар – 9, Штип – 8, Тетово – 6, Струмица, Кичево и Радовиш – по 4, Кочани и Гевгелија – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (297), регистрирани се 69 реинфекции.

Регистрирани сe 180 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати од ковид од Мој термин регистрирани се две починати лица од Скопје (80г и 71г).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 315.699, бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591