Поранешниот јапонски премиер Абе тешко ранет со огнено оружје

поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе критично ранет за време на изборната кампањата

Новинските извештаи велат дека поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе бил застрелан и критично ранет за време на изборната кампањата. Ова е редок пример на оружено насилство во Јапонија, која има строги закони за оружје и ниски нивоа на насилен криминал. Главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно изјави дека 67-годишниот Абе бил застрелан околу 11:30 часот по локално време. Властите соопштија дека уапсиле маж кој се чини дека го застрелал Абе со пушка. Кјодо објави дека бил застрелан од зад грб.

Русија протера осум јапонски и тројца норвешки дипломати

Абе водеше кампања како дел од претстојните избори за Горниот дом на парламентот закажани за 10 јули. Се предвидува дека неговата партија ќе победи. Абе беше премиер на Јапонија од декември 2012 до септември 2020 година, што го прави премиер со најдолг стаж во земјата.