Генчовска најави дипломатски мерки за говорот на омраза во Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза во последните денови во Република Македонија, изјави министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, одговарајќи на новинарско прашање. Таа појасни дека мерките ќе бидат дипломатски, со протестна нота до македонскиот в.д. амбасадорот во Бугарија.

На прашањето дали се прецизирани протоколите и кога бугарското општество може да се запознае со нив, министерката Генчовска одговори дека ќе с е придржуваат до договоренот.

„Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи дека тие се склучени тој ден. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа. Нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание“, нагласи таа.

Таа истакна дека реакцијата во Северна Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја. Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи ма Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.

„Колегите во Република Северна Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент“, додаде Генчовска.