Украинска тужба против Иран поради соборувањето на патничкиот авион пред две години

Луѓе искажуваат сочуство за загинатите во летот PS752 на Украина Ерлајнс во Иран, на 08 јануари 2020 година

Украинската меѓународна авиокомпанија (УИА) поднесе тужба против Исламската Република поради соборувањето на украинскиот патнички авион во 2020 година од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), дознава иранскиот сервис на РСЕ, Радио Фарда.

Тужбата до која дошле од Радио Фарда, била поднесена во судот во Онтариа, со датум од јануари 2022 година. Во неа се навдедуваат Исламската Република Иран и ИРГЦ како двајца обвинети додека се бара компензација од Иран.

Летот PS752 на Украина Интернационал Ерлајнс се урна на 8 јануари 2020 година додека беше на пат за Киев, при што загинаа сите 176 луѓе во авионот.

Неколку дена по официјалните деманти, Иран призна дека единицата на ИРГЦ ненамерно го соборила авионот во услови на зголемени тензии со Соединетите Држави поради убиството со дрон на главниот генерал на ИРГЦ, Касем Сулејмани, во близина на Багдад.

Поголемиот дел од жртвите биле Иранци и Канаѓани, но 11 од нив биле државјани на Украина. Семејствата побараа транспарентност и одговорност. Иранската влада одвои 150.000 долари за обештетување на семејството на секој патник, но некои семејства ги одбија парите.

Канада минатата година соопшти дека не нашла докази за предумисла при соборувањето на патничкиот авион. Канадскиот суд досуди 84 милиони долари на семејствата на шест од жртвите.

На 28 јуни, Групата седум индустриски развиени земји (Г7), на крајот од нивниот тридневен самит во јужна Германија, во заедничка изјава рече дека Иран треба да одговара за соборувањето на летот PS752.

„Продолжуваме да ги поддржуваме меѓународните напори да го повикаме Иран одговорен за нелегалното соборување на летот 752 на украинската меѓународна авиокомпанија“, се вели во соопштението.