Регистрирани 266 случаи со Ковид-19 во последното деноноќие

Илустративна фотографија

Во изминатите 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи со Ковид -19, како и 119 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.

Од 266 новозаболени од Скопје се 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.

Досега во државава се направени вкупно 2.086.592 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 315 060, бројот на оздравени пациенти е 304 460, на починати е 9 327, а на активни случаи изнесува 1 273 од кои 719 се во Скопје.