Ковачки: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска на прес конференција изјави дека синоќешната насилство пред Собранието било дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски. „Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството“, изјави тој наведувајќи дека мора да има одговорност за Оливер Спасовски и за службениците што ги пречекориле своите овластува. Тој повика за вечер во 19 часот нов собир пред платото на Владата, а потоа преку МНР демонстрантите да се упатат пред Собранието.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Камења и молотов коктел кон Собранието, има повредени и приведени

Ескалација на протестите - повредени и приведени пред Собранието

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пак денеска изјави дека МВР имало информации дека и за вечер се подготвувало насилство и молотови коктели. „Дури една група од тие што сакаат да протестираат подготвуваат и молотови коктели, кои би биле наменети кон институциите, и затоа сакам уште еднаш да апелирам да се откажат од таквата идеја, нема да дозволиме во ниту еден случај да биде загрозен нечиј живот или државен објект“, изјави Спасовски. МВР претходно соопшти дека во синоќешните протести имало 47 повредени полицајци, додека биле приведени 11 демонстранти. Оттаму информираат и дека за време на протестите од страна на полицијата не биле употребени пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.