Финска и Шведска го попишуваат протоколот за пристап во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека Финска и Шведска денеска ќе го потпишат пристапниот протокол. „Во вторник ќе го направиме официјалното потпишување на протоколот за пристап со финскиот и шведскиот министер за надворешни работи. Финска и Шведска се суверени нации и тие имаат право сами да го изберат својот пат и да се приклучат на НАТО. Ги поздравивме во нашиот сојуз и секако сме подготвени за секој евентуален случај“, рече Столтенберг, додавајќи дека ставот на Русија кон нордиските земјите кои се приклучуваат на алијансата се доста измешани.

Шведска и Финска ќе присуствуваат на НАТО самитот во Мадрид

Историските промени за Шведска и Финска дојдоа по руската инвазија врз Украина, како и други агресивни потези на Кремљ во регионот. Јавното мислење во двете земји брзо се сврте во корист на членство во НАТО по инвазијата врз Украина.

Турција ги поддржа кандидатурите на Финска и Шведска за НАТО

Анкара првично соопшти дека ќе стави вето на нивното членство, а претседателот Реџеп Таип Ердоган ги обвини дека обезбедуваат засолниште за курдски милитанти кои дејствуваат во Турција, како и за промовирање на, како што тој го нарече, тероризам. По преговорите, Ердоган рече дека ќе ги повлече своите преговори, но посочи дека сепак може да ги блокира нивните кандидатури за членство доколку не ги исполнат ветувањата, од кои дел не беа соопштени. По потпишувањето на протоколот, двете нордиски нации ќе станат членки набљудувачи.