Собраниската Комисија за одбрана и безбедност за испраќање војници во мировни мисии

Припадници на АРМ

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе ја одржи 34-тата седница на чиј дневен ред се две предлог-одлуки за испраќање војници на Армијата на Република Северна Македонија во мисиите на ЕУ „EUTM RCA“ и „Алтеа“. Првата точка е Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.

ЕУФОР испраќа дополнителни 500 војници во БиХ како мерка на претпазливост

Втората точка, Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.