Европски пари за автопатот од Скопје до Блаце

Илустративна фотографија

Со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 167,6 милиони евра и 20,8 милиони евра грант од ЕУ, како и 8,8 милиони евра за финансирање на техничката соработка, ќе се гради нов дел од автопатот од Скопје до надвозникот кај Блаце, во близина на границата со Косово.

Како што соопштија од канцеларијата на ЕБОР во Скопје, стратешкиот патен сегмент ќе ги подобри конекциите во регионот кон Европска Унија. Тој е дел од транспортната артерија од Скопје до главниот град на Косово, Приштина, каде во изминативе неколку години се бележи зголемен сообраќај. Исто така е дел и од поголемата Европска патна мрежа која ја поврзува Шведска со Грција преку Западен Балкан.

Новиот автопат ќе има по две ленти и ќе биде изграден паралелно со постоечкиот А4 национален пат, кој има по една лента, и е изграден пред повеќе од 50 години.