Владата го објави францускиот предлог

Зградата на Владата на Република Северна Македонија

Владата попладнево на својата веб страница интегрално го објави францускиот предлог со кој треба да се отстрани двегодишното бугарско вето за почеток на преговорите за членство на земјава во Европската унија.

Докуметот беше поставен на владината страница непосредно средбата во Владата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерите на партиите од владината коалиција.

Ковачевски - Овој предлог е далеку поповолен за нас

Ковачевски претходно најави дека ќе се отвори процес на широки консултации, кој ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.

„Во францускиот предлог се вклучени нашите забелешки и јасно изразени ставови. Позицијата во која денеска се наоѓаме е далеку поповолна за нас, нашата позиција и стратегија дадоа резултати“ изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата.

Во Софија молк за новиот француски предлог

Така, во текот на денот се најавени средби и консулатации со експертската и стручната јавност, како и медиумите.

Македонија има статус на кандидатка членка за ЕУ од 2005 година, но се уште ги нема почнато преговорите за влез во Унијата.