Русија ги укина сите ковид мерки

Жена носи маска за лице шетајќи во центарот на Москва, 28 септември 2021 година

Од 1 јуни во Русија повеќе нема ковид мерки, откако руските власти објавија крај на сите ограничувања против ковид за јавноста, вклучително и носењето маски.
Руските власти објавија дека 93 отсто од заразените пациенти биле со благи симптоми или асимптоматски.

„Се суспендираат претходно воведените ограничувања, вклучително и носењето на маски, забраната за работа на угостителските објекти во текот на ноќта и голем број други мерки“, соопштуваат руските власти.

Официјалните бројки на инфицирани, последен пат во Русија се зголемија во февруари.

Повеќе од 800 илјади луѓе во Русија починале како последица на ковид-19, а вкупно 18 милиони луѓе биле инфицирани со вирусот. Во земјата 52 отсто од населението е целосно вакцинирано против ковид.