Временска прогноза – Многу топло со висок УВ индекс

Лето во Скопје, архивска фотографија

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. УВ индексот ќе изнесува 9.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 21, а максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, соопшти УХМР.

И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

За справување со топлински бранови на граѓаните ќе им бидат на располагање мобилни екипи составени од лекар или парамедик (давател на итна медицинска помош), кои ќе патролираат низ центарот на Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на град Скопје