Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел го поздрави новиот француски предлог за деблокирање на македонските евроинтеграции кој попладнево пристигна во Владата на Република Северна Македонија.
Го поздравувам компромисниот предлог од француското претседателство што сега ќе биде разгледано во Скопје. Сега е моментот за придвижување напред на Западен Балкан кон Европската Унија, напиша на Твитер, Борел.
Претходно и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го поздрави францускиот предлог за кој напиша дека ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Северна Македонија.
Владата попладнево соопшти дека преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.