Полицијата пукала во гуми на автомобил за да спреччи Ресенчанец да прегази полицаец и инспектори

Незаконски продавал производи од возилото, но откако полицијата му наредила да престане и да си замине, со возило се обидел да ги прегази инспекторите. 53 годишен ресенчанец е приведен од прилепската полиција откако денеска нешто после пладне во центарот на Прилеп, пред градскиот пазар, со своето возило комби „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства.

За да го запре полицијата пукала со пиштол во гумите на возилото со кое тој се обидел да ги прегази инспекторите. На овој настан посведочеле жителите кои се најдоа во центарот на Прилеп кај градскиот пазар.

„Според пријавеното, во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од инспекцијата“ се вели во соопштението од СВР Битола

Во него е посочено дека Н.К. е приведен во полициска станица, а известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

„Увид ќе се врши, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ стои во соопштението од СВР Битола