Македонското МНР врачи вербална нота до бугарското МНР

Македонското министерството за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи "Македонија е Бугарија", кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците во бугарското Народно собрание за време на дискусијата за барањата кои беа внесени во францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за македонската евроинтеграција. Дел од таквите пораки беа и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница.

Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот.

Македонија со три, Бугарија со четири црвени линии за конечен француски предлог

Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава.

Македонското МНР врачи соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи.