ВМРО-ДПМНЕ прашува за каков хибриден напад обвинува Владата

Илустрација, архивска фотографија

Владата на СДСМ и ДУИ да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто истиот не бил спречен, повикуваат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси? Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата? Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели Османи имало хибриден напад мора да има одговорност, бидејќи не било спречено на време и државата била нападната“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија со три, Бугарија со четири црвени линии за конечен француски предлог

Од владејачката партија СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ да се извини и да побара одговорност од нивниот лидер Христијна Мицкоски, за како што велат, рушењето на државните позиции.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции. Таквиот однос е неодговорен на штета на државните позиции и национални интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави дека Османи имало обиди за хибридни напади со цел да се наруши државната стратегија за францускиот предлог.

Луѓе од државата се јавувале кај министри и политички партии и министри, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа стратегија, рече Османи.