Велика Британија воведе нов сет на трговски и финансиски санкции против Русија поради нејзината неиспровоцирана инвазија на соседна Украина.
Во известувањето објавено на веб-страницата на владата на Обединетото Кралство се наведени новите ограничувања, кои вклучуваат забрани за извоз на низа стоки и технологија, извоз на авионско гориво и извоз или употреба во Русија на британски фунти или евра.
Списокот на санкции го забрануваат увозот, стекнувањето или снабдувањето и испораката на стоки кои потекнуваат од Русија или се испратени од Русија, а кои можат да генерираат приходи.
Исто така, предвидува дополнителни ограничувања за обезбедување техничка помош, финансиски услуги, фондови и услуги за посредување во врска со увозот на железо и челик.
Со санкциите исто така се забранува давање техничка помош и финансиски услуги, фондови и посреднички услуги во врска со увозот на железо и челик. Некои од новите рестриктивни мерки се однесуваат и на Русија и на украинските територии под контрола на сепаратистите поддржани од Москва.