Зеленски: разговорите за отворање на украинските пристаништа се „комплексни“

илустрација

Украина е вклучена во „комплексни“ преговори за ослободување на нејзините пристаништа од руската поморска блокада, изјави претседателот Володимир Зеленски, откако највисокиот дипломат на ЕУ ја обвини Русија дека извршила „вистинско воено злосторство“ со блокирање на извозот на жито од пристаништата. „Сè уште нема напредок во „комплексните преговори на повеќе нивоа за деблокирање на нашите украински пристаништа“, рече Зеленски, предупредувајќи дека актуелната глобална криза со жито ќе трае сѐ додека трае и руската „колонијална војна“. Претходно на 20 јуни, Јосеп Борел, шефот за надворешна политика на ЕУ, ја коментираше ситуацијата со извозот на жито на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на блокот во Луксембург. „Не може да се замисли дека милиони тони пченица остануваат блокирани во Украина, додека во остатокот од светот луѓето страдаат од глад. Ова е вистинско воено злосторство“, рече Борел.

Борел: Русија го става светот во опасност од глад


Министрите требаше да разговараат за начините за ослободување на милиони тони жито заглавени во Украина поради блокадата на нејзините црноморски пристаништа од страна на руските сили. Откако Русија го започна својот неиспровоциран напад врз Украина и ги блокираше нејзините пристаништа, испораката на жито во земјата е запрена, оставајќи повеќе од 20 милиони тони жито заробени во силоси. Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли западните обвинувања дека Москва е одговорна за наглото зголемување на цените на житото во светот поради нејзината поморска блокада на пристаништата.

Русија, Турција, Украина и ОН со план за извоз на храна од украинските пристаништа

Тој минатата недела тврдеше дека Русија е подготвена да гарантира транзит на бродови кои извезуваат украинско жито преку Црното Море и дека Украина има алтернативни копнени патишта, нешто што западните експерти велат дека не е изводливо. Москва претходно побара да се укинат економските санкции за неа во замена за дозволување извоз на жито.