Претпладне сончево време, попладне со по некој облак

Илустративна фотографија

Времето претпладне ќе биде сончево, а од пладневните часови ќе мала до умерена локална облачност и услови за краткотраен пороен дожд во југоисточните и јужните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, додека јалината на УВ индексот ќе биде 8.

Од УХМР најавуваат период на постабилно време. Во следниот период ќе преовладува сончево со повремено зголемување на облачноста и со постепен пораст на дневните температури.

Можна е и појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи утре на крајниот југоисток, а во вторник претежно во посеверните делови, додека преку денот ќе дува засилен северозападен ветер.