Протест на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Влада

17 ти конгрес на опозициската ВМРО- ДПМНЕ, реизбор на лидерот на партијата Христијан Мицкоски

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, пред Владата ќе одржи протест со кој ќе ги повтори барањата за одржување предвремени парламентарни избори, во период кога со истото барање и во Собранието спроведува активна блокада на неговите активности.

Протестот е најавен во 20 часот пред Владата, а еден час партиските приврзаници една час порано ќе понат да се собираат на три локации во Скопје - Буњаковец, Собранието и зградата на Македонската телевизија, по што ќе тргнат кон Владата.

Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти мај, упатувајќи критики до власта поради налините за справување со економската и финанансиската криза, зголемување на јавниот долг, но и водењето на дипломатијата. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски вчера во видео обраќање по повод роденденот на партијата истакна дека го одбележуваат во знакот на промени.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, за утре најави средба на коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која рече дека меѓу другото ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година заедно со претседателските.

Поради протестот, во Скопје се до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај, соопштија до СВР Скопје од каде апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.