Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.
Како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладнево во североисточните и источните претежно планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд, а ке дува и умерен до засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде со јачина 7.
Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневните температури, се наведува во временската прогноза на УХМР.