Во последните 24 часа се регистрирани 60 нови случаи на ковид-19 од направени 842 тестови, има 63 оздравени пациенти, и не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица во период од 5 мај до 08 јуни 2022 година, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните 60 случаи, од Скопје се 52, и во Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен има по еден нов случај.
Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.807, бројот на оздравени пациенти е 303.128, на починати е 9.320, а бројот на активни случаи изнесува 359.