Нови 66 случаи на коронавирус, нема починати

Илустрација: Ковид-тестови

Во изминатото деноноќи се регистрирани 66 нови случаи на коронавирус во земјава, а нема починати лица. Направени биле 983 тестови, информира Министерството за здравство.

Најголем број од новите случаи се во Скопје - 50, па потоа следуваат Битола и Охрид со по 5, Македонски Брод 2, и Прилеп, Кавадарци, Штип и Струмица по еден нов случај.

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 115 оздравени пациенти.

Во моментов во болниците се лекуваат 7 пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350.