Албанија бара да биде дел од механизмот на ЕУ за цивилна заштита

Албанија достави барање за да стане дел од механизмот на Европската унија за цивилна заштита. Премиерот Еди Рама барањето лично му го предаде на еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, кој е во посета на Тирана.

Кој (не) ги разбира шегите на Еди Рама

Ленарчич изјави дека го поддржува нивното барање.

„Задоволство е да се биде повторно во Албанија. Мојата прва официјална мисија, веднаш штом ја презедов функцијата, беше во Албанија, по страшниот земјотрес во Драч и околината. Сега дојдов во многу подобри околности иако неодамна имаше голем пожар на островот Сазан“, изјави тој.

Тој додаде дека и во двата случаи на барање на Албанија веднаш бил активиран одбранбениот механизам на ЕУ и нагласи дека пред две и пол години реакцијата била многу поголема, бидејќи земјотресот оставил многу големи последици.
Во овој механизам учествуваат 27-те земји членки на ЕУ како и Македонија, Исланд, Норвешка, Турција, Србија и Црна Гора.