Ковачевски и Ердоган задоволни од билатералната соработка

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул

Традиционално добрите и пријателски односи меѓу Македонија и Турција, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, била главната тема на денешната средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.

Премиерот Ковачевски на средбата со турскиот претседател Ердоган го изрази задоволството од споделувањето исти цели за безбедноста и стабилноста во регионот за што клучни фактори се добрососедски односи и регионална соработка, со фокус на економската соработка и подобрување на инфраструктурната поврзаност, се вели во соопштението на владината прес служба.

Трговската размена со Турција е во постојан пораст и од 8-то место во 2020 година, во првите три месеци од 2022 година оваа земја го зазеде 6-тото место на листата најзначајни трговски партнери на Северна Македонија.

Ердоган: Европа е во паника од судирот во Украина

На средбата било потенцирано дека очекувањата се годинешната трговска размена од 900 милиони долари, да достигне една милијарда долари и да обезбеди продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Според вкупните инвестиции од Турција во нашата земја таа е во редот на првите пет земји по вкупниот прилив на странски инвестиции.