Во изминатите три дена се регистрирани 69 нови случаи на коронавирус во Македонија од направени 1640 тестови, а 85 луѓе оздравеле, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (69), регистрирани се девет реинфекции.
Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице од ковид-19.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ковид маски и брзи тестови - нов „декор“ на плажите
Од 69 новозаболени од Скопје се 53, Битола и Тетово по 3, Дебар 2, и Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово по еден нов случај.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а на активни случаи изнесува 399.