Јужна Кореја „драматично“ ја зајакнува одбраната

Снимка на телевизиска програма во Сеул, Јужна Кореја, 25 мај 2022, на која се гледа лансирање на севернокорејска ракета

Јужна Кореја „драматично““ ќе ја зајакне својата одбранбена способност поради загриженоста дека Северна Кореја ја обновува програмата за нуклеарно оружје, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Џонг Суп.

„Нашата влада ќе ја зајакне способноста за да може подобро да ги имплементира мерките за одбивање, со поддршка на САД, и драматично ќе ја зголеми способноста за одговор на војската, за да може да ги одбие нуклеарните и ракетните закани од страна на Северна Кореја“, рече Ли на безбедносниот форум во Сингапур, јавува Си-Ен-Ен.

Тој додава дека Јужна Кореја блиску соработува со САД и Јапонија, што вчера на истиот форум го спомена и министерот на одбрана на САД, Лојд Остин.

Ли вели дека постојаната провокација со проектили од страна на Северна Кореја се зголемува и по квантитет и по квалитет и додава дека тоа и севернокорејската подготовка за нуклеарни проби се сериозен предизвик кој се заканува по мирот и стабилноста.

Северна Кореја годинава значително ги зголеми тестирањата на балистички проектили. Досега лансираше 17.

САД и Меѓународната агенција за атомска енергија претходно предупредија дека има значи оти Северна Кореја се подготвува за проба на нуклеарно оружје, по прв пат после 2017 година.