ОН изразија загриженост по престрелката во Триполи

Либија

Мисијата на ОН во Либија изрази денеска загриженост поради конфликтот во Триполи по синоќешните жестоките престрелки.

Либија повторно е поделена меѓу две власти од која една е со седиште во Триполи. Причините за вооружените престрелки во кои била вклучена и полицијата се уште не се јасни. На социјалните медиуми се објавени видеа на кои се забележува истрели од артилериско оружје.

Во соопштението на ОН е наведено дека конфликтот ги загрозува цивилите и ги повика жителите на Либија да преземат сè што можат за да се задржи кревката стабилноста во земјата.

Либија со години е поделена меѓу ривалските власти на исток и запад кои си поседуваат добро вооружени полициски сили.

Либија е во постојани внатрешни политички тензии по симнувањето од власт и убиството на долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи.