Османи: Избори ќе има во мај 2024 заедно со претседателските

министерот за надворешни работи Бујар Османи

Избори ќе има во мај 2024 година заедно со претседателските и тоа е конечно, изјави синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој, во „Само интервју“ на Канал 5 посочи дека нема да има избори во наредниот период заради тоа што, како што рече, процениле оти тоа не е во интерес на граѓаните и државата. „Така што тоа треба да го тргнеме од маса и како можност за разговори’, рече Османи, додавајќи дека сега фокусот треба да се стави врз тоа како да се менаџира кризата.

СДСМ во „немилост“ на ДУИ за да нема предвремени избори

Земјата, вели Османи, се наоѓа во економска криза и затоа, според него, треба да изнајде начин со опозицијата да има базичен договор за справување со кризата. „Проблемот во овој пристап е што политичките кариери се најважни во утврдување на политичките чекори на партиите“, рече Османи.