Нигерија ја сомничи ИД за убиството на 40 луѓе во католичката црква

Илустративна фотографија.

Нигериските власти се сомневаат дека бунтовничката група Исламска држава на Западноафриканската провинција (ИСВАП) во неделата на 5 јуни го извршила масакрот во католичка црква, во кој беа убиени 40 лица, изјави денеска министерот за внатрешни работи Огбени Рауф Арегбесола.

Во неделата напаѓачи вооружени со пушки АК-47 и експлозиви ги нападнаа собраните за време на мисата во католичката црква во Ове, во југозападната држава Ондо.

„Успеавме да го видиме отпечатокот на ИСВАП во ужасниот напад во Ове и ги бараме сторителите. Нашите безбедносни агенции се на нивната трага и ќе ги изведеме пред лицето на правдата“, изјави Арегбесола за новинарите во главниот град Абуџа.

Властите претходно не изразија сомнеж за идентитетот или мотивот на убијците.

ИСВАП е претежно активна во североисточна Нигерија и соседен Чад и е една од двете големи исламистички бунтовнички групи кои се борат едни со други со години, како и нигериската војска.

Во борбите стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се раселени.