Хјуман рајтс воч (ХРВ) ја повика Mеѓународната заедница да воведе построги ограничувања за талибанските владетели во Авганистан како одговор на, како што ја нарече „тешката криза за човекови права“, која особено ги погоди жените и девојките по враќањето на групата на власт во август.
Откако ја презедоа власта, Талибанците ги вратија дведецениските придобивки на жените во земјата, кои беа истиснати од многу државни работни места, им беше забрането да патуваат сами и им беше наредено да се облекуваат според строго толкување на Куранот.
ХРВ во денешното соопштение посочува дека одлуката на радикалната група да ја продолжи забраната за средно образование на девојчињата предизвика меѓународна осуда.
Но, групата нагласува дека осудата „не е доволна“, бидејќи тоа не ги „повредува Талибанците“ и затоа ја повикува Меѓународната заедница да преземе поефикасни чекори против сегашните владетели на Авганистан.
- Протест за правата на жените во Авганистан
- Протести на невидливите авганистански жени поради затворањето на училиштата
„Советот за безбедност ќе ги разгледа овие исклучоци во јуни и има можност повторно да ја фокусира забраната за одредени талибански лидери кои биле вмешани во сериозни прекршувања на правата“, препорача ХРВ.
Меѓу актуелните талибански водачи на кои треба да им се забрани да патуваат ХРВ го споменува Абдул-Хак Васик, шефот на разузнавачката агенција на групата обвинет за вонсудски егзекуции и апсење и тепање новинари, потоа Мухамед Калид Ханафи, шеф на Министерството за промоција на доблеста и спречување на пороците одговорни за многу од ограничувањата на жените и девојчињата и Хаибатула Ахунџада, врвниот верски водач на групата, за кој ХРВ вели дека одиграл „одлучувачка улога во продолжувањето на забраната за средно образование на девојчињата“.
ХРВ, исто така, препорача генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да го посети Авганистан со цел „да го пренасочи светското внимание на ситуацијата, да го зголеми притисокот врз Талибанците да ги почитуваат човековите права и да преземе глобални решенија за ставање крај на страшната хуманитарна криза“.