Шефот на грчката дипломатија Дендијас во дводневна посета на Косово

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас вчера ја започна дводневната посета на Косово со средба со косовската претседателка Вјоса Османи која повика на грчка поддршка за членство на Косово во Советот на Европа, Партнерството за мир и НАТО, како гаранција за безбедност не само за Косово туку и за регионот. „Во тој контекст, претседателот Османи ја спомена опасноста од дестабилизирачки тенденции на Русија во Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, преку Србија како свој сателит“, се вели во соопштението. На средбата беше соопштено дека Османи изразила подготвеност за продлабочување на понатамошната соработка, со надеж дека наскоро ќе се официјализира одлуката за признавање на независноста на Косово од Грција.

Дендијас - Заедно сме со С. Македонија на патот до Европа

Дендијас денеска ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти. Тој ќе има заедничка средба со претставници на меѓународната заедница во Приштина (УНМИК, Советот на Европа, ОБСЕ, ЕУЛЕКС, Канцеларијата на ЕУ/ЕУСР, КФОР) и со амбасадорите на Квинте, Франција, Германија, Велика Британија, САД и Италија. Грчкиот министер за надворешни работи Дендијас беше во Приштина во октомври 2020 и јуни 2021 година.