Најмалку 22 загинати кога патнички автобус падна во провалија во Пакистан

Автобуска несреќа во Пакистан

Патнички автобус денеска излетал од тесен планински пат и паднал во длабока провалија во оддалечена област во југозападен Пакистан, при што загинале најмалку 22 лица, меѓу кои има и жени и деца.

Возачот веројатно влегол со преголема брзина во острата кривина во планинската област Ахтарзаи во провинцијата Балучистан.

Шефот на болницата во областа Кала Саифула, Ахтар Мандохаил рече дека биле донесени 22 тела на починати, меѓу кои и 5 жени и 5 деца.

Едно повредено дете е во критична состојба.

Балучистан е најсиромашната провинција во Пакистан, каде што стотици луѓе годишно гинат во сообраќајки поради лошите патишта и лошо одржуваните возила.

Преполн автобус во јули се судри со камион на прометен пат во централен Пакистан, при што загинаа 33 луѓе.