Невреме од силен дожд и ветер, кој во текот на ноќта ги зафати речиси сите делови на Словенија, уништи дрвја и покриви, а пожарникарите мораа да испумпуваат вода од поплавените згради и да изгаснат пожар предизвикан од молња.
Словенечката управа за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека невремето е низ целата земја, со исклучок на Приморска, а пријавени се вкупно 135 инциденти, со интервенција на 66 доброволни територијални противпожарни бригади и три професионални противпожарни бригади.
- Обилниот дожд ги поплави речиси сите улици низ Тетово
- Земјоделци без верба дека штетите од невремето ќе се надоместат, освен ако нема избори
Тимовите за интервенција имаа најмногу работа во источниот дел на земјата, каде што удари на гром оштетија неколку станбени и деловни објекти, пренесува СТА.
Пожарникарите интервенирале и на живинарска фарма во Словенска Битрица за да спасат 3.000 кокошки од давење. Поплавени се десетици патишта, а реката Пака се излеа од коритото и го урна мостот на локалниот пат Горњи Долиќ-Козјак.
Словенија неодамна доживеа многу вакви дождови, некои од нив проследени со силен град, во кој беа уништени сезонските култури, а беа оштетени и згради.