Израелски ракети гаѓале позиции на сириската војска

илустрација

Сириската државна телевизија денеска јави дека израелски ракети гаѓале позиции на сириската армија јужно од главниот град Дамаск и предизвикале штета, но дека нема жртви.

Повикувајќи се на неименуван воен претставник, телевизијата објави дека израелски авиони истрелале неколку ракети додека летале над окупираната Голанска Висорамнина синоќа пред полноќ.

Во извештајот се додава дека сириската воздушна одбрана соборила поголем дел од проектилите. Израел не го коментираше нападот.

Израелските ракети кои биле истрелани врз централна Сирија на 13 мај убиле пет лица, меѓу кои еден цивил, а запалиле земјоделско земјиште во областа, јавуваат сириските државни медиуми.

Израелската војска во последниве години постојано напаѓа цели во Сирија, но ретко презема одговорност за такви операции.

Според армијата, тие се насочени кон базите на полициите на иранските сојузници, како што е либанскиот екстремистички Хезболах, кој се бори во Сирија на страната на силите на претседателот Башар Асад, како и испораката на оружје за кое се верува дека е наменето за полициите.