Делчевскиот регион попладнево беше зафатен од силно невреме со обилен дожд и град, при што во селото Очипала, според сведоштва на жителите, градот бил со големина на лешник.
Врнежи со град биле регистрирани и повеќе села, а земјоделците велат дека има штети кај компирот и гравот.
Невреме со град во Делчевско
Врнежи од град со големина на орев биле регистрирани и на планината Голак, каде освен издупчување на градежни материјали и возила, не се забележани поголеми штети.
Поради обилните врнежи попладнето во Пијанец се вози по влажни коловози, а како што јавуваат возачи, регистрирани се и поситни одрони долж патниот правец Делчево – М.Каменица, кој е дел од магистралата А3.
Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.