Времето денеска: сончево со умерена облачност

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Дневната температура ќе биде од 25 до 33 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 30 степени.