Тројца мртви, 11 ранети во пукање во Филаделфија

Протест против оружјето во САД

Тројца луѓе загинале, а 11 се ранети во пукање во американскиот град Филаделфија доцна синоќа, соопштија властите.

Полицијата одговорија на извештаите дека лице со оружје се наоѓа во голема група луѓе.

Полицискиот инспектор Д.Ф. Пејс рече дека биле испукани куршуми во група луѓе во центарот на градот и дека еден полицаец пукал во осомничениот.

Не е јасно дали осомничениот е погоден, пренесува АП.

„Можете да замислите, имало стотина луѓе кои едноставно уживале на Јужната улица, како што прават секој викенд, кога почнало пукањето“, рече Пејс.

Властите наведува дека никој не е уапсен, но дека се пронајдени две парчиња оружје.

Полицијата преку Твитер соопшти дека треба да се избегнуваа таа област во градот и дека неколку луѓе се ранети.