Москва ја блокираше веб-страницата на рускиот јазик на ерменскиот сервис на РСЕ

Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор ја блокираше веб-страницата на руски јазик на ерменскиот сервис на РСЕ, локално позната како Радио Азатутјун.
Групата која промовира нецензурирани онлајн медиуми во Русија, Роскомсвобода вчера соопшти дека потегот за блокирање на страницата бил инициран од Канцеларијата на Основното обвинителство.

Роскомсвобода соопшти дека добила пристап до регистарот на „забранети информации“ во Русија во кој се наведени 12 веб-страници и линкови, вклучително и ерменскиот сервис на РСЕ и сајтовите на повеќејазичната финска државна радио и телевизија, која е блокирана во мај месец во Русија.

Назад во иднината: Термините од Студената војна се враќаат во Русија

Откако Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија врз Украина на 24 февруари, Роскомнадзор ги блокираше веб-страниците на десетици медиуми, како и сајтовите на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Инстаграм.
Роскомнадзор ги предупреди медиумите ширум земјата дека рускиот напад врз Украина не може да се нарече војна или инвазија и дека треба да се нарекува само „специјална воена операција“.

Фејсбук и Тик Ток треба да платат казна на судот во Москва

Регулаторното медиумско тело блокираше некои платформи на социјалните мрежи и веб-локации на руските, казахстанските, туркменските и таџикистанските служби на РСЕ, како и „Тековно време“, „Гласот на Америка“, „Нови врски“, „Тајга.Инфо“, „ДОКСА“, „Дојче веле“ и други независни медиуми.