Руската пацифичка флота започна еднонеделни поморски вежби

Руската пацифичка флота денеска започна еднонеделни поморски вежби во кои учествуваат повеќе од 40 воени бродови и 20 авиони, објавија руските новински агенции, цитирајќи го руското Министерството за одбрана.

На воените вежби кои треба да завршат на 10 јуни ќе учествуваат и бродови кои бараат „подморници на лажен непријател“ и „разработуваат организација на противвоздушна одбрана за тактичките групи бродови“, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.

Вежбите почнуваат на денот кога се навршуваат 100 дена од почетокот на руската инвазија на Украина.

Досега Москва окупираше 20 отсто од територијата на Украина и се фокусира врз источниот регион Донбас и неговиот стратешки град Северодонецк.